Земан: Во некои босански градови се виори знаме на ИД

од desk2
154 прегледи

Претседателот на Чешка Милош Земан, повторно предупреди дека победата над Исламска држава на Блискиот исток може да предизвика метастази на тероризмот во Европа и повтори дека БиХ може да стане база на ИД, во интервју за телевизијата Барандов.


„Постои илузија дека ИД слабее со губиток на териториите. Ракот има свои метастази, а тие се смртоносни како и туморот. Неодамна предупредив на феноменот на странски борци кои по падот на ИД може да се преселат во Авганистан и да направат своја нова Исламска држава и можат да створат европска база, например во Босна затоа што веќе сега во некои босански градови се виорат црни знамиња на Исламска држава“, вели Земан.

Според него, за време на војната во пранешна Југославија мусломанските борци од странство дотрчаа да им помогнат на Бошњаците и дека заради тоа постои ризик дека е формирана европска база на тероризмот.

„Честите напади на туристички дестинации во Европа пробудија страв и кај мене дека терористите може да обрнат внимание на туристичкото срце во Чешка – Прага, која до сега беше поштедена. Поради тоа препорачав на властите да ги зајакнат безбедносните мерки, а посебно во претседателскиот дворец Храдчани“, вели Земан.

Ова е втор говор на Земан во последните неколку дена во кој БиХ ја претставува како терористичка закана.