Земјата не мирува: Нови земјотреси во околината на Петриња

од Берта Китинска
163 прегледи

Оваа ноќ не помина мирно за жителите на Петриња, Сисак, Глина и околината, бидејќи рано утрово во 4:20 часот е регистриран нов земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала.

Според хрватската сеизмолошка служба, сеизмолозите забележале прилично силен земјотрес со епицентар на два километри северо-источно од Петриња.

Земјотресот се почувствува низ цела централна Хрватска, дури и во Словенија, пренесува Индекс.хр.

Слични содржини