Британец Канаѓанка се обвинети во Тајланд за вандализам поради цртање графити, а им се заканува казна затвор од 10 години ако бидат прогласени за виновни, соопшти полицијата на Тајланд.

Британцеот Фурлонг Ли и Канаѓанката Бритни Шнајдер, уапсени се во градот Чијанг Мај во четвртокот и во моментот се во притвор, пренесе Ројтерс.
„Го признаа злосторството. Кога луѓето одат во посета треба да знаат дека зад себе не треба да остават графити“, изјави еден полициски службеник.