Земјите од регионот утре на состанок во Сараево за хрватските мерки за овошјето и зеленчукот

од desk2
124 прегледи

Министрите за земјоделство од регионот утре ќе се состанат во Сараево за да договорат заедничка реакција по одлуката на Хрватска да ги зголеми давачките за увоз на овошје и зеленчук од 12 на 270 евра.

Хрватска со правилник пропиша воведување на инспекциски надзор и контрола на поголем број видови овошје и зеленчук кои се увезуваат од трети земји и енормно ги зголеми давачките за дури 22 пати.

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ смета дека одлуката на Хрватска е спротивна на принципите на слободната трговија. Покрај домаќинот Шаровиќ, на состанокот во Сараево ќе присуствуваат министрите од Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и од Косово.