Земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран околу 13 часот на подрачјето на Македонија.
Според податоците на Европскиот медитерански сеизмолошки центар со седиште во Франција (EMSC), земјотресот бил на длабочина од 14 километри, а епицентарот на 15 километри југозападно од струмичко Ново Село.
Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван, но дека не бил силен потрес. Бидејќи се работи за послаб земјотрес, најверојатно не е причинета материјална штета.
Се огласија и од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Информираат дека во 13 часот и 09 минути, регистриран е земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 км југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.