Земјотрес ја стресе Македонија

од Nikola Popovski
63 прегледи

Од Сеизмолошка опсерваторија известуваат дека телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 16.07.2024 година во 14 часот и 06 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на скопско епицентрално подрачје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.0.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Скопје, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

За земјотресот, се огласија и од ЕМСЦ.

Нема податоци за предизвикана материјална штета.

Слични содржини