243
Земјотрес од 2,1 степен според Рихтер бил почуствуван денеска близу Маврово околу 16,15 часот.
Според Европскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот е на 18 километри северо-источно од Центар Жупа, на длабочина од 2 километри.
Ова е уште еден од серијата потреси кои сеслучија во овој регион, а најсилниот беше во петокот навечер, кога беше измерен земјотрес од 4,7 степени.