5,4K
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, 14.06.2024 година во 19 часот и 54 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Штип-Радовиш, 68 km југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во градот Штип и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.