Босна и Херцеговина денеска околу 12 часот ја стресе земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала.
Епицентарот бил 20 километри југозападно од Мостар, а 13 километри северно од Љубушки. Земјата се тресела пет до шест секунди, а претходел силен и гласен удар, објавија локалните медиуми.
Според информациите од ЕМСЦ, земјотресот се случил на длабочина од седум километри.