Земјотрес од 4,5 по Рихтер регистриран во Албанија

од Vladimir Zorba
115 прегледи

Земјотрес со интензитет од 4,5 степени по Рихтеровата скала денеска беше регистриран во албанските градови Тирана, Драч и Каваја.

Потресот бил почувствуван во 13.05 часот по локално време. Епицентарот е во реонот на градот Рогожина, близу Тирана. Засега нема информации за жртви или материјална штета.