Претпладнево земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтер го погоди Дојран.

Епицентарот на земјотресот се наоѓа на 14 километри источно од Дојран и беше на длабочина од 2 километри.
Инаку, претходната недела имаше и два послаби земјотреси со јачина од 2.2 и 2,5 степени кои беа почувствувани во Скопје.