Земјотрес од 5,3 по Рихтер во Јадранско море почуствуван во Скопје

од Vladimir Zorba
196 прегледи

Земјотрес со епицентар во Јадранското море пред половина час беше почуствуван во Скопје.

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала беше почувствуван во 15:45 часот.

Според ЕМСЦ, земјотресот е во Јадранското море, на 42 км од северозападно западно од Тирана и на 24 км северно од Драч.

Потоа следеше уште еден земјотрес од 3,1 степен според Рихтер. Епицентарот беше на 64 км северозападно од Тирана и 20 км западно од Леже во 15:52 часот.

Слични содржини