📽 Земјотрес од 8,8 степени во Русија, цунами во Камчатка, се приближува кон Јапонија и Хаваи

Предупредувања за цунами стигнуваат и од хеликоптери на полицијата на Лос Анџелес

од desk2
100 прегледи Фотографија: Стоп-кадар од веб камери

Силен земјотрес од 8,8 степени го погоди рускиот полуостров Камчатка, предизвикувајќи цунами до 4 метри височина, кое оштети згради на рускиот Далечен Исток и предизвика паника и евакуации во Тихиот Океан.

Неколку луѓе на рускиот Далечен Исток се повредени во земјотресот, а населението на поголем дел од источните брегови на јапонските острови доби наредба за евакуација, поради стравувањето од силен удар на цунамито.

Според американскиот сеизмолошки институт, земјотресот имал хипоцентар на 19,3 километри длабочина, а епицентарот бил на околу 125 километри од Петропавловск, град со 165.000 жители кој се наоѓа во заливот Авача.

Инаку, потресот веќе предизвикува паника и на Хаваи, илјадници километри оддалечени острови. Таму се забележува дека водата се повлекува од линијата на брегот, што е опасен сигурен знак дека и таму ќе има удар на цунами.

Предупредувања за цунами стигнуваат и од хеликоптери на полицијата на Лос Анџелес, која со звучници го предупредува населението дека е можен бран што ќе нанесе штети.