Земјотрес синоќа го стресе Охрид

од Nikola Popovski
260 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,2 степени синоќа го погодил подрачјето на 14 километри јужно од Охрид, соопшти Европскиот сеизмолошки метеоролошки институт (EMSC).

Земјотресот бил на длабочина од 15 километри, а освен во Македонија, бил почувствуван и во Албанија.

Нема податоци за евентуална материјална штета, а според графиконот на „EMSC“, земјотресот е почувствуван и во Грција.

Претходно во околината на градот бил регистриран уште еден земјотрес, со јачина од 3,5 степени според Рихтер.

Во меѓувреме, се огласија и од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

-Телеметриската сеизмолошка мрежа на Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вешерва, 7.07.2024 година во 22 часот и 52 минути, регистрираше земјотрес чиj епицентар припаѓа на епицентралното подрачје Охрид, 120 km југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Слични содржини