263
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди источниот дел на Турција, соопшти денеска Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Земјотресот се случил нешто пред пет часот наутро по локално време, на 19 километри северно од Синџик во турската провинција Адијаман, на длабочина од пет километри.
Засега нема информации за материјална штета.