Земјотрес со јачина од 6,2 степени го погоди Токио

од Stefanija Kuzmanovska
241 прегледи

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Токио и околните области на источна Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Земјотресот се случи во делови од префектурите Ибараки и Чиба.

Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од околу 50 километри од источниот брег на Чиба, објави „Кјодо“.

Слични содржини