Земјотрес со јачина од 7,1 степени на границата меѓу Кина и Киргистан, има повредени

од Stefanija Kuzmanovska
261 прегледи

Земјотрес со јачина од 7,1 степени според Рихтеровата скала ја погоди границата меѓу Кина и Киргистан, во кој се забележани неколкумина повредени и урнати куќи, јавуваат кинеските медиуми.

Според Кинеската управа за земјотреси, земјотресот се случил во 02:09 часот по локално време, а го погодил округот Вукси во северозападниот кинески регион Ксинџијанг, планинска погранична област.

До 4 часот наутро, во близина на епицентарот се регистрирани 14 последователни потреси, со магнитуди од 3,0 до 5,3 степени, јавуваат кинеските медиуми. Поради земјотресот, железничкиот сообраќај во регионот е во прекин, а оштетени се 27 воза.

Кинеското министерство за управување со вонредни состојби соопшти дека неколку оддели ги координираат напорите за помош, обезбедувајќи им на жителите шатори, јакни, јоргани, душеци, кревети  и печки за греење.

Во последните 24 часа Ксинџијанг бил погоден од неколку земјотреси.

Земјотресот е почувствуван и во Казахстан и Узбекистан. Во моментов нема извештаи за штети.

Слични содржини