280
Нов силен земјотрес со јачина од осум степени според Рихтеровата скала го потресе Нов Зеланд, пренесуваат светските медиуми.
Епицентарот бил под островот Кермадек, а истото подрачје го погоди земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала пред неколку часа.
Земјотресот се случи околу 20.30 часот по наше време. Неговиот епицентар бил северно од Нов Зеланд.
Според „Русија денес“, по земјотресот од осум степени по Рихтер, издадено е предупредување за цунами во областа на Самоа и Хаваи.
AMERICAN SAMOA: Earthquake measuring 8.0 in the Kermadec Islands region. A TSUNAMI WARNING is now in effect for American Samoa. (Source: PTWC)
— U.S. Emergency Alert (@ENSAlerts) March 4, 2021