Во 4:34 часот наутро по локално време, Македонија беше погодена од земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот се наоѓал во епицентралното подрачје на Охрид. Земјотресот бил на длабочина од 10 километри.
Засега нема информации за евентуални штети, освен вознемиреност кај граѓаните. Покрај во Охрид, земјотресот го почувствуваа и жителите на околните населени места, како и во пограничните места во соседна Албанија.