Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Црна Гора

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала синоќа ја погодил Албанија, а бил почувствуван и во Црна Гора.

РТЦГ пренесува дека се огласил и Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора.

„На 23.01.2024 година во 23 часот и 47 минути Секторот за сеизмологијата на Заводот за хидрометеорологија и сеизмологија регистрираше помал земјотрес со епицентар на 4 километри западно од Коплик (Албанија). Јачината на овој земјотрес во хипоцентарот (жариштето) изнесувала 3,5 единици според Рихтеровата скала, што одговара на епицентралниот интензитет на III-IV степен од Меркалиевата скала (MCS). Епицентарот на овој земјотрес се наоѓал на длабочина од 23 километри. Врз основа на нумеричкиот модел на промената на интензитетот со растојанието во овој регион, јачината на земјотресот и длабочината на хипоцентарот, овој земјотрес не може да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје“, наведуваат од Институтот.

За овој земјотрес информира и Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) на својот Твитер профил и на својата веб-страница.

Се наведува дека епицентарот бил на 31 километар од Подгорица.

Слични содржини