Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала бил регистриран синоќа во Македонија. Земјотресот е регистриран во 22 часот и 44 минути на 7 километри југозападно од градот Дебар.
Убаво затресе, сведочат за EMSC луѓето што живеат во овој дел од државата.
🔔#Earthquake (#земјотрес, #tërmet) M3.1 occurred 7 km S of #Дебар (North Macedonia) 14 min ago (local time 22:44:27). More info at:
📱https://t.co/bKBgMenA4F
🌐https://t.co/yEssRmyFVn
🖥https://t.co/zfPSfVzUFg pic.twitter.com/llTu6ToiSk— EMSC (@LastQuake) August 2, 2023
Епицентарот на земјотресот бил во Албанија, на 97 километри југозападно од Скопје.
-Според досегашните информации, земјотресот е почувствуван во југозападните делови на нашата Република, со интензитет од II – III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје