Земјотрес во близина на Измир

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Карабурун во турската провинција Измир на егејскиот брег, јавува агенцијата Анадолија.

Агенцијата за управување со вонредни состојби (АФАД) објави дека земјотресот е регистриран во 16:10 часот по локално време на длабочина од 6,9 километри.

Утрово се регистрирани три земјотреси во истата област, од кои два во растојание од една минута.

Слични содржини