Земјотрес во Грција, нема поврдени

од desk2
122 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот од Грција.

Според првичните информации нема повредени ниту поголеми штети.

Атинскиот геодинамичен институт соопшти дека земјотресот се почувствувал во 18.08 часот, на 30 километри западно од градот Агринио, на длабочина од 28 километри.

Грција се протега на активна сеизмичка област и земјотреси со ваква јачина се честа појава.