Земјотрес во соседството почувствуван и во Македонија

од Nikola Popovski
42 прегледи

Земјотрес со јачина од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во југозападна Бугарија, соопшти тамошниот Национален институт за геофизика, геодезија и географија.

Потресот бил во 06:47 часот по локално време со епицентар во близина на границата со Македонија и на 20 километри од градот Петрич.

Земјотресот се случил на длабочина од 15 километри.

Нема информации за предизвикана материјална штета, ниту повредени лица.

Се очекува и официјална информација и потврда од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Слични содржини