Албанија денес беше погодена од земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала, а бил почувствуван и во Македонија.
Врз основа на податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил 56 километри југоисточно од Елбасан, односно 18 километри југозападно од Поградец,. Земјотресот се случил на длабочина од 15 километри.
Според телеметриската сеизмолошка мрежа, потресот потекнува од соседна Албанија, на околу 155 километри од Скопје, и достигна локална магнитуда од 3.8 според Рихтеровата скала.
Најсилно земјотресот бил почувствуван во градовите Охрид и Струга, како и во околните населби, каде жителите пријавиле блага тресење, оценето на III степен според Европската макросеизмичка скала.
Сеизмолозите од Природно-математичкиот факултет во Скопје нагласуваат дека за сега нема информации за причинета материјална штета, а екипите продолжуваат со мониторинг на регионот.