Земјотрес во соседството почувствуван и во Македонија

Потресот е почувствуван во Тетово и околината

од Nikola Popovski
12 прегледи

Земјотрес со интензитет од 3,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди Косово. Земјотресот бил почувствуван и на територија на Македонија.

Според сеизмолошките податоци од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресот бил околу 15 километри југозападно од Призрен, додека неговата длабочина била пет километри.

Во околното подрачје, граѓаните почувствувале мали потреси, но немало пријави за материјална штета или повредени.

Од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет Скопје информираат дека потресот е случил во 23:09 часот, со епицентар на околу 46 километри северозападно од Скопје.

Според досегашните податоци на опсерваторијата, потресот е почувствуван во Тетово и околината.