Земјотрес во Тетово и Гостивар

од Берта Китинска
163 прегледи

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје регистриал земјотрес со интензитет од три степени.

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала и епицентар на 41 километар западно од Скопје е регистриран синоќа во 21:18 часот во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот имал локална Рихтерова магнитуда ML2.4, а беше почувствуван од населението на Гостивар, Тетово и околината, наведуваат од Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ.

Слични содржини