211
Ноќеска во 2 часот по полноќ земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала се случил во Банија, Хрватска, јавува тамошната Сеизмолошка служба.
Епицентарот на земјотресот бил на 11 километри од Петриње во Глинске Пољане, а бил почувствуван дури до Загреб.
Со оглед на тоа дека се работи за послаб земјотрес, се претпоставува дека нема жртви и нема поголема материјална штета.