Зендели: Избалансиран настап на претседателот

од Aleksandar Todeski
232 прегледи

Настапот на претседателот пред пратениците беше избалансиран, смета Фадил Зендели, пратеник од Беса.

„Ги опфати сите проблеми кои ги мачат граѓаните и од порано, но и од сегашната власт, посебно од правниот систем од кој сите во државата имаме проблеми. Тој истакна дека сме држава која 30 години имала афери и обвинети функционери, но нема ниту еден кој завршил зад решетки“, рече Зендели.

Според пратеникот од опозициската Беса, треба да се има предвид што претседателот Стево Пендаровски е кратко време на функцијата, па затоа треба да се види како тој ќе делува натаму.

А.Т.

Слични содржини