Зендели против Таравари за градоначалник на Гостивар

од Vladimir Zorba

Потпретседателот на политичката партија „Движење Беса” ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Тој беше единствен предлог на основачкото собрание на гостиварскиот огранок, кое се одржа синоќа.

На една од точките од дневниот ред беше и избор на кандидат за градоначалник, по што членовите на собранието едногласно го поддржаа предлогот, Зендели да биде кандидат за претстојните избори. Тој во обраќањето по изборот најави дека ќе работи на организирање на членството и постигнување на добри изборни резултати.

– Целосно сум свесен за потребите и барањата на граѓаните и свесен сум за тие предизвиците. Но, без сомнение, на 17 октомври, имаме одлична можност заеднички да ѝ дадеме голем поттик на општината за побрз развој и да ја издигнеме. Затоа, овие избори не се само прашање на изборна конкуренција, туку конфронтација на вредности и идеи, стратегии и проекти во подобрување на животот на сите нас што живееме во општина Гостивар, рече Зендели.

Слични содржини