Зери: Илјадници се одрекуваат од државјанството на Косово

од desk2
246 прегледи

 

Речиси 5.000 граѓани секоја година се одрекуваат од државјанствата на Косово, пренесува приштинскиот весник Зери.

Во минатите десет години повеќе од 40.000 луѓе ја напуштиле територијата на Косово, додава весникот.

„Одрекувањето од државјанствата продолжува од година во година, а врз основа на статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи на Косово, тој бројрасте. На зголемувањето на бројот на граѓани кои се одрекуваат од државјанствата влијаело доцнењето во визната либерализација на Косово“, наведува Зери.