„Зери“: Следниот месец ќе се гласа за војска на Косово

од Vladimir Zorba
67 прегледи

 

Предлог законот за трансформација на Косовските сили за безбедост да биде поднесен за одобрување во Собранието следниот месец, по изборот за претседател на Србија, објави весникот „Зери“, повикувајќи се на неименувани извори.

Засега нема коменатр за прашањето кога би бил ставен законот во собраниска процедура.

Нуредин Ибиши, пратеник од владејачкиот Демократски сојуз на Косово рече дека Владата има рок од 30 денови да го ревидира предлог законот, наведува весникот.