Како што пренесуваат светските медиуми, сопругот на ќерката на Трамп, Џеред Кушнер, е “лице од голема доверба” и е меѓу луѓето, кои истражителите сакаат да го сослушаат.
Магазинот Њујорк наведува дека “лицето за кое постои интерес”, е 36-годишниот Кушнер, кој во моментов е со таткото на неговата сопруга во Саудиска Арабија, на своето прво патување во странство, како претседател на САД.
Вашингтон пост додава дека е под истрага лице кое е блиско со претседателот, но не го објавува идентитетот, иако на сите им е јасно дека такви луѓе околу Трамп има многу малку.
“Тоа е Џеред Кушнер. Имам потврда од четири извори. Не се шпекулира”, напиша соработникот на магазинот Њујорк Јашар Али.
Коментар од Белата куќа, но исто така и од страна на организацијата на Трамп нема. Сепак, Вашингтон и претходно потврдуваше дека Кушнер бил во контакт со руските официјални лица, како и јавниот обвинител Џеф Сешонс и државниот секретар Рекс Тилерсон.
Истрагата за врските меѓу Москва и тимот на Трамп за време на кампањата за претседателските избори, по разрешувањето на директорот на ФБИ Џејмс Коми ја започна втората фаза. Сега на чело на тимот за истрага е поранешниот директор на ФБИ, Роберт Милер.