Зголемен број позитивни ученици кои следат настава со физичко присуство

од Берта Китинска
285 прегледи

Се забалежува подобрување на епидемиолошката состојба, но тоа не значи и дека е добра. Препораката е граѓаните да примат трета доза вакцина, зашто тоа е најдобриот начин за заштита од тешки симптоми, хосиптализација и смрт, рече денеска претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски.

По редовната седница на Комисијата, Петличковски истакна дека има зголемување на нови случаи меѓу децата од шест до 14 години, главно меѓу оние кои ја следат наставата со физичко присуство, но нема простор за загирженост.

Тој истакна дека Ја анализирале и смртноста од ковид, по што дошле до заклучок дека најголем дел од починатите се невакцинирани.

„Од тука апелираме сите да се вакцинираат и да примаат трета доза. Третата доза штити од хоспитализација и смрт. Слушаме деновиве шарлатански изјави. Вакцинацијата со трета доза е многу потребна за да си помогнеме“, додава Петличковски.

Слични содржини