694
Според епидемиолошки анализи во моментов, во Скопје се половината од активните случаи со ковид 19 или 3190. Следи Куманово со 446 активни, Велес – 309, Прилеп – 245, Битола – 201.
Изминативе денови забележан е и пораст на активните случаи во последните пет дена. На 20 октомври имало околу 5700 активни случаи, а вчера беа регистрирани околу 6.200.
Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 199.901, бројот на оздравени пациенти е 186.652, на починати е 7.062, а на активни случаи изнесува 6.187.