Зголемен бројот на ленти на Табановце за побрз проток на патниците кои заминуваат во Србија

од Nikola Popovski
327 прегледи

„Благодарност до Министерство за внатрешни работи за брзото постапување по барањето на Комората, за пуштање на повеќе ленти за возила на ГП Табановце, со цел брз проток на патници, поради акцијата на Стопанската комора на Северна Македонија за имунизација од КОВИД 19 на претставниците од бизнис заедницата“, објавија од Стопанската комора.

Според нив, на ГП Табановце сообраќајот се одвива непречено и без застои.

Стопанската комора на Србија, во соработка со Владата на Србија, обезбедиила околу 10.000 вакцини за бизнисмени и вработени од регионот како дел од имунизацијата на илјадници наши бизнисмени и вработени во компаниите.

Така, викендов беше организирана вакцинација во Белград за бизнисмени и нивни вработени од Босна и Херцеговина, Црна Гора, Северна Македонија, Албанија, како и за косовски бизнисмени.

На порталот Е-влада, се наведува дека покрај граѓаните на Република Србија, странски државјани со и без престој во Србија исто така можат да изразат интерес за вакцинација против Ковид-19.

Слични содржини