Зголемен бројот на лица во Македонија кои по вторпат се заразиле со ковид, од нив 10 починале

од Берта Китинска
308 прегледи

Според податоците на Институтот за јавно здравје во текот на мината недела вкупно се пријавени 43 реинфекции, со зголемување од 19,4% во однос на претходната недела.

-Заклучно со 26.12.2021 вкупно се регистрирани 1.059 реинфекции (0,5%), од кои две се втори реинфекции.Од реинфекциите, 10 завршиле со смртен исход, велат од ИЈЗ.

Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на КОВИД-19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223 739, оздравени се 211 021, а 7 917 починале.

Слични содржини