Вчера беа регистрирани 178 нови случаи на Ковид-19. Од новите случаи во Скопје се 42, Куманово-19, Кочани-17, Прилеп-16, Тетово-14, Струмица-13, Гостивар-11. Во останатите градови регистрирана е едноцифрена бројка на заболени.
Во Кичево има осум нови случаи, во Струга и Велес по пет, Битола и Гевгелија по четири, Охрид и Валандово по три случаи, Крива Паланка, Радовиш, Пробиштип и Делчево по двајца, а во Дебар, Штип, Кавадарци, Македонски Брод, Виница, Свети Николе по еден нов заболен.
Институтот за јавно здравје вчера регистрира и 71 оздравен пациент од: Скопје-25, Куманово-11, Штип-10, Прилеп-седум, Струга-пет, Охрид, Крива Паланка и Кочани по три, Кавадарци, Гостивар, Пробиштип и Берово по еден оздравен пациент.
Починаа четири лица. Двајца од нив од Скопје на 61 и 59 години, пациент од Куманово на 69-годишна возраст и пациентка од Штип на 70 години. Сите се починати во болнички услови.
Според завршените епидемиолошки анализи во моментов најмногу активни случаи и натаму има во Скопје – 598, потоа во Куманово – 211, Тетово – 170, Прилеп, 138, Гостивар – 113, Струмица -108, Кочани – 98.
Министерот за здравство Венко Филипче кажа дека има благо зголемување на бројот на позитивни лица и дека деновиве ќе се прави анализи за зголемениот процент на позитивни случаи врз основа на тоа ќе се одлучи дали треба евентуално нешто дополнително да се преземе.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 16.735, бројката на оздравени пациенти е 13.863, на починати е 693, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.179.