Зголемен бројот на новозаразени, Владата размислува за зголемување на казните за неносење маски

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа беа направени 1630 тестирања, а регистрирани 152 нови случаи на Ковид-19, починале две лица, додека оздравени се 126 пацинети. Полицијата секојдневно регистрира голем број прекршоци за неносење лична заштита на лица, а во текот на изминатото деноноќие на територијата на државава, регистрирани се 680 прекршоци.

Во таа насока, Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Во меѓувреме, во Прилеп ситуацијата со Ковид – 19 е сериозна, неопходна е монтажната болница

Инаку, од новите регистрирани случаи со коронавирусот најмногу има во: Скопје-58, следат Струмица-14, Кочани-18. Во Куманово регистрирани се 5 новодијагностицирани, Дебар-2, Штип-5, Прилеп-4, Тетово-5, Струга-6, Велес-1, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-6, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-4, Делчево-3, Свети Николе-3, Кичево-2.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 126 оздравени пациенти од: Скопје-32, Куманово-17, Штип-5, Прилеп-7, Тетово-7, Струга-6, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Гостивар-1, Гевгелија-15, Струмица-5, Крива Паланка-2, Кочани-7, Пробиштип-1, Пехчево-5, Берово-2, Виница-3, Делчево-1, Кратово-1, Свети Николе-1, Кичево-1.

Во болнички услови се починати две лица, пациент од Охрид (77г) и пациент од Радовиш (62г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17200, бројката на оздравени пациенти е 14312, на починати е 712, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2176.

Според завршените епидемиолошки анализи, соопштија вчера надлежните, во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

На Инфективната клиника во изминатите 24 часа примени се 5 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 72 пациенти. На кислородна поддршка се 45 пациент, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, и 2 деца и 2 мајки суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 2, а вкупно хоспитализирани се 35 пациенти. На респиратор се 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 19, а во болницата во Штип се 41 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 153, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 68

• Гази Баба – 74

• Аеродром – 93

• Карпош – 71

• Центар – 89

• Кисела Вода – 64

• Ѓорче Петров – 36

• Бутел – 33

• Шуто Оризари – 16

• Студеничани – 10

• Сарај – 14

• Арачиново – 8

• Илинден – 23

• Сопиште – 3

• Чучер Сандево – 5

• Петровец – 7

• Зелениково – 1

• Странец – 9

• Нераспределен-1.

Слични содржини