Зголемен бројот на туристи

од Vladimir Zorba
199 прегледи

Во земјава во април годинава се евидентирани 69 934 туристи, од кои 25.8 % се домашни туристи, а 74.2 % се странски, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на ноќевањата во април 2023 година изнесува 130 702, од кои 28.4 % се од домашните туристи, а 71.6 % од
странските.

Во периодот јануари – април годинава, во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 24.3 %. Кај домашните туристи има намалување за 3.6 %, а кај странските зголемување за 46.1 %.

Кај ноќевањата, пак, има вкупно зголемување за 13.6 %. Кај домашните туристи е регистрирано намалување за 4.8 %, а кај странските раст од 29.0 %.

Слични содржини