Зголемен е процентот на исполнетост на возилата за меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз до 75%

од Nikola Popovski

На денешната 80-та седница, Владата на Република Северна Македонија разгледа и усвои неколку одлуки.

На предлог на Комисијата за заразни болести, Владата ги прифати измените во протоколите за вршење меѓуградски и меѓународен превоз на патници, со што наместо исполнетост до 50%, отсега во меѓуградскиот и меѓународниот патнички превоз е дозволено исполнетост најмногу до 75% од вкупниот капацитет на возилата.

 

Слични содржини