Зголемени цените на угостителските услуги

од desk3
67 прегледи

download (5)
Цените на угостителските услуги во јули годинава пораснале за 0,2 отсто во однос на претходниот месец, а за 0,4 отсто во споредба со истиот месец од минатата година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во однос на претходниот месец зголемување од 0,2 отсто се бележи во групата Храна, Безалкохолни пијалаци пораснале за 0,5, а Ноќевања за 0,3 отсто.

Во првите шест месеци од годинава, пак, цените на угостителските услуги проаснале за 0,4 отсто во споредба со истиот период лани, а за 0,1 отсто во однос на декември 2015 година. /МИА

Слични содржини