Зголемување на платите за 12%, редовна исплата на К-15 за наставниците

од Берта Китинска

Низ отворен дијалог, постигнавме начелна заедничка согласност со СОНК, информираше премиерот Димитар Ковачевски.

-Зголемување на платите за 12% во основното и средното образование и во детската заштита;

-Заедничка соработка за креирање на методологија за раст на платите која ќе е предмет и на општиот колективен договор;

-Редовна исплата на регресот за годишен одмор, односно К-15, по потпишувањето на општиот колективен договор со јавниот сектор.Верувам дека дијалогот е единствениот начин за постигање договор, за децата сега е најважно да се вратат во училишните клупи. Очекувам овој договор да биде прифатен и потврден од страна на членството на СОНК утре, а веќе во среда на 27 април да продолжи наставата, соопшти Ковачевски.

Слични содржини