Зголемувањето на цената на струјата нема да биде повеќе од 10%, тврди Бектеши

од Nikola Popovski

Крајната цена на струјата нема да биде над 10% за домаќинствата и граѓаните, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши во емисијата „Економски магазин“ на ТВ Алсат.

Според него, на затворена владина седница веќе е усвоена одлука со која ЕСМ ќе учествува на јавен тендер објавен од универзалниот снабдувач, ЕВН Хоум.

-Според сите проекции што сме ги правеле ние како енергетски тим во рамки на Владата, поскапувањето на електричната енергија ќе биде до 10 посто, потврди Бектеши.

Веќе два тендери на ЕВН Хоум пропаднаа, откако државната ЕСМ не се јави на тендер. Третиот тендер е закажан за 9 декември годинава, а доколку повторно не се обезбеди струја за граѓаните, ќе се увезува по енермно високи цени од 320 евра од берзите. Тоа ќе значи уште повисок раст на цената, од 2-50 отсто. Се очекува во вторник Владата на затворена седница да утврди нова цена за државната ЕСМ, според неофицијални информации од сегашните 36 евра за мегават, на 45 евра.

Растот на цената на струјата на берзите за повеќе од 300 отсто во последните неколку месеци, направи големи поместувања и на либерализираниот пазар. Голем дел од фирмите за трговија со струја ги откажаа договорите, неможејќи да ги исполнат своите обврски.

Слични содржини