„Жан Митрев“: Ги зајакнавме системските мерки за грижа и комуникација со пациентите

од Vladimir Zorba

Клиничката болница Жан Митрев во своето дводецениско постоење секогаш работела според највисоките здравствени стандарди и соодветно регулативата од домашни и странски здравствени тела. Раководени од целите на современата медицина и врз етичките и моралните принципи, пациентот е секогаш во центарот на нашето внимание. Дијагностиката, лекувањето и грижата за него е суштината на сите наши активности и во истата насока продолжуваме и понатаму, соопштуваат оттаму.

„Со цел да им се укаже на пациентите највисоко ниво на грижа и лекување, Клиника Жан Митрев има воспоставено Систем за грижа за пациентите. Дел од овој систем се доктор интензивист, психолог, одговорен доктор кој го води пациентот, како и претставници од администрација и од финансии по потреба.

Преку овој систем започнува процесот каде сите барања од пациентите се пријавуваат централизирано, барањата потоа се разгледуваат интерно, пациентите или членови од нивното блиско семејство се повикуваат да ги пополнат потребните документи, по што следи разговор со одговорниот д-р Емил Стоицовски.

Постоењето на овој систем за грижа за пациенти, иако во услови на Ковид-19 пандемија, помогна во Клиника Жан Митрев во континуитет да продолжат сите третмани и оперативни зафати на другите медицински оддели: кардио, ортопедија, гинекологија, урологија итн. Во Клиника Жан Митрев во текот на пандемијата во ниту еден момент не беше стопирана негата и третманот на пациенти и со други здравствени проблеми, покрај постоењето на коронавирусот.

Како одговор на последните случувања и со цел обезбедување што подобра нега за пациентите, Клиника Жан Митрев ги зајакна дополнително системските мерки за грижа и комуникација со пациентите. Со ова зајакнување направен е посебен тим за комуникација со пациентите и семејствата на пациентите кои биле третирани од КОВИД-19 инфекција. Составена е посебна група која ја зајакнува нашата служба и грижа за пациентот и по излегување од клиничката болница.

На овој начин секој пациент кој има потреба од дополнителен одговор ќе го добие во најкус можен рок, секој кој има потреба од дополнителна информација во врска со своето лекување ќе ја добие исто така во најкус можен рок“, се додава во соопштението.

Слични содржини