Општествата треба да најадат начин како да се справат со злоупотреба на податоци и лажни вести, без притоа да ја загрозат слободата на изразување, истакна Евроамбасадорот Самуел Жбогар на денешната конференција „Денови на медиумска писменост 2019“.
Според него интернетот стана начин на живеење за сите нас, комуникацијата стана брза и тоа го направи глобалното село уште помало.
„Тоа носи големи бенефиции, но и големи предизвици. Новите технологии ни овозможија сите информации да ни бидат на дофат, но тоа направи и превртување на фактите и ширење лажни вести користејќи ботови и ширејќи омраза, и сето тоа ја направи демократијата покршлива. Младите генерации особено треба да научат како да ги препознаат дезинформациите, лажните факти, зад некое известување. Исто така тие треба да знаат и да учествуваат во дебати почитувајќи ги различните мислења, дебатирајќи, во исто време почитувајчи ја проиватноста и дигнитетот на соговорникот“, рече Жбогар.
Дека грашаните се изложени на големи влијанија на информации, се сложи и шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс кој истакна дека зголемувањето на бројот на медиумите и технологиите го зголемува простапот до ризични извори на информации.
„Тоа доведува до пристап до различни извори на информации и го зголемуа ризикот за лажни вести. Ваквите трендови претставуваат и закана за медиумската слобода, Јас сум уверен дека информирани и медиумски писмени граѓани ќе бидат отпорни на лажните вести и тие ги препознаваат работите знаат како да ги препознаат изворите на информации, рече Која.
Според најновите истражувања, паметните уреди се во постојан пораст во домаќинствата. Така што, најбројни се паметните телефони 83 проценти, по нив следат компјутерите, а 62 отсто од домаќинствата веќе имаат паметен телевизор.
Во однос на информациите што ги добиваат од медиумите, и дали домашните медиуми различно информираат за еден ист настан, 68 отсто сметаат дека тоа се телевизиите, 57,7 отсто ги посочиле информативните портали, 34,7 проценти дневните весници, 34,3 радио станиците, и 28,3 неделните списанија.
Од презентираното истражување произлегуваат препораки дека за медиумска писменост е потребно интегрирано развивање на дигиталните и медиумските компетемнции, критичко размислување, како и да се развиваат програми за доживотно учење за повозразни групи или други сегменти на популацијата, со цел да се намали „дигиталниот јаз“