Жбогар: Има позитивни сигнали од ЕУ за С.Македонија да добие датум за преговори

од Viktor Jovanov

Европската комсија ја подготви новата методологија за проширување на Европската унија. Сега земјите членки треба да разговараат за неа и да ја одобрат. Земјите прашуваат што е направено во Република Северна Македонија од последниот извештај во мај минатата година до март оваа година. Не очекувам некои изненадувања во самиот извештај. Претседателот на ЕК неодамна кажа дека се потврдува препораката за Северна Македонија за отварање на преговорите и очекувам тоа да биде повторено во извештајот, изјави за Телма ТВ амбасадорот на ЕУ во Република Северна Македонија, Самуел Жбогар.

-Сите спроведени реформи ќе бидат споменати, вклучувајќи ги и искучително важните последни реформи кои беа направени при крајот на работата на Собранието односно донесувањето на Законот за Јавното обвинителство. Сите услови се исполенти и очекувам дека тоа ќе биде наведено во извештајот кој ќе биде објавен. Потоа земјите членки ќе треба да ги земат двата извештаи, едниот за земјата, другиот за методологијата за новиот начин на водење на преговорите. Ќе разговараат за нив и ќе донесат одлука, вели Жбогар.

Во однос на тоа дали ќе се добие конкретниот датум за преговори на Самитот на ЕУ во март, амбасадорот Жбогар вели дека сега Унијата е поконзервативна во однос на подигнувањето на очекувањата и дека тоа зависи од земјите членки, но засега, според него, сигналите се позитивни.

-Сигналите кои доаѓаат од земјите членки на ЕУ во однос на добивањето датум за преговори за Република Северна Македонија се позитивни, вклучувајќи го и претседателот Макрон минатата недела во Минхен. Сепак ќе мора да видиме што ќе одлучат земјите членки. Тие ќе го имаат нашиот извештај што ќе престави што е добро во земјата фокусиран на реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и безбедносните служби, вели Жбогар.

Слични содржини