Жешка линија СДСМ -Иванов! Писмените гаранции кои ги бара Иванов се готови!

од Vladimir Zorba
76 прегледи

Кабинетот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев е во постојан контакт со кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов во насока на усогласување на текстот на писмената гаранција за зачувување на унитарноста на државата и гарантирање на безбедноста кои Иванов ги бара од Заев како иден мандатар.

Ова го истакна Заев и нагласи дека очекува Иванов да му го даде мандатот за формирање на влада.

Тој се надева дека ќе го добие мандатот во законскиот рок и најави седница за избор на Влада откако ќе го добие мандатот.

Заев во Обвинителството: Шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ соучесници на насилниците во нападот во Собрание

Во однос на локалните избори и законските измени кои треба да се направат со цел да не се блокира работата на локалната самоупрва Заев рече дека е потребно пратеничките групи во меѓусебен договор да го усогласат текстот на измените на изборниот законик кои треба да помине пред законодавно правната комисија и комисјата за политички системи

Како можни датуми за кога би се одржале локалните избори Заев ги спомена октомври оваа година или март идната година./ТВ 24