Русија се подготвува за намалување на владините трошоци во следните три години, стремејќи се да го ограничи буџетскиот дефицит, поради ниските нафтени цени и рецесијата. Сериозното намалување на парите се планира за здравството, образованието и дури за одбрана, кој ќе биде погубна со уништувачки 27 проценти следната година. Тоа е вградено во нацрт, поднесен од Владата во парламентот доцна во петокот, објави “Фајненшел тајмс”.

Во моментов рецесијата во Русија слабее, но приходите продолжуваат да паѓаат. На скалата на предложените штедења се покажува колку силно се повредени јавните финансии на земјата од падот на нафтените цени кои ги принудија и земјите од Заливот да ги намалат трошоците.
Руската влада прогнозира пад на бруто домашниот производ со 0,6% годинава. Ова е трета година по ред на пад за руската економија, но Владата очекува таа да се врати на раст догодина – со 0.6%.
Аналитичарите сметаат дека парламентот може да одбие кратења на воените трошоци, од кои некои стануваат скриени зад други буџетски пера.
Ако Нацрт-буџетот биде примен во овој вид, може да дојде до намалување на воените трошоци во реални услови, коментира пред “Фајненшл тајмс” експерт од Универзитетот во Бирмингем. Тој пресметал дека до 2019 година воените трошоци на Русија може да се со 15% пониски од нивниот врв во 2015 година
Други мерки како продажба на акции во државната нафтена компанија “Роснефт” можат да помогнат за намалување на дефицитот, но на краток рок.
Поставената цел за буџетскиот дефицит е многу амбициозна, според висок претставник на владата. Планот е дефицитот да се намали од 3,7% од БДП оваа година до 1,2% во 2019 година
Според московската висока школа за економија, целокупното кратење на парите за здравство и образование ќе ги намали трошоците за овие два сектори до најнискиот процент од БДП од 2006 година.
Слична деградација ја доближува Русија до земјите од третиот свет, коментира рускиот бизнис дневен весник “Ведомости”.
Во исто време воените трошоци на земјата остануваат високи, споредени со меѓународните стандарди, и сочинуваат 23.7% од вкупните федерални буџетски расходи и 4.7% од БДП оваа година. Околу 800 млр. рубљи од целокупниот буџет за одбрана во годинава што е 3.889 милијарди рубљи, одат за отплата на обврски за минатите наредби.
Предлогот за следната година е воените трошоци да се 2.385 милијарди рубљи, односно 17,5% од вкупните трошоци или 3,3% од БДП.
Вистинскиот обем на воените трошоци сепак е обвиткан во непроѕирност, бидејќи голем број на трошоци поврзани со одбраната, се надвор од националниот буџет за одбрана. 17 проценти од буџетот за 2017 година се класифицирани информации.
Има многу прашалници дали Русија ќе биде во можност да ја заврши со дефицит од 3,7% од БДП оваа година, како и за намалувањето преку планираните заштеди во следните години.
Вицепремиерот Игор Шувалов изјави оваа недела дека ако продажбата на 19,5% од “Роснефт” не биде финализирана до крајот на годината, како што е утврдено, државната компанија може сама да го откупи овој свој удел за потребите на државниот буџет, а подоцна да го продаде на надворешен инвеститор.