Железничарите добија втор дел од септемвриската плата, прекината е блокадата

од Nikola Popovski

Иако проблемите на железничарите не се целосно решени, машинскиот и извршниот персонал при МЖ Транспорт попладнево ја прекинаа блокадата на железничкиот патнички и товарен сообраќај.

Исполнето им било барањето за исплата на вториот дел од платата за септември, вели за МИА Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.

-Донесена е одлука која е проследена до раководството на железничкото претпријатие, а според која, доколку до 25-ти во месецот не им биде исплатена целосно платата за претходниот месец,  повторно ќе ја бојкотираат работата од 7 часот наредниот ден. Исто така, и надоместот за материјални трошоци да се исплаќа најдоцна до 10-ти во месецот, а во спротивно, нема да работиме веќе од наредниот ден, рече Чакаровски.

Железничкиот сообраќај беше во прекин од вчера и воопшто не сообраќаа патничките и товарните возови во земјава. И претходните години, вработените во железници имаа поплаки и штрајкуваа.

Слични содржини